Се најаде „бесни печурки“ и со години глумеше дека е Исус – денес кешира 1.400 долари неделно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмисон Гадлов (Jameson Godlove) е модерен хипик кој го сака Исус, пуши марихуана и неделно заработува над 1.400 долари возејќи околу туристите со своето „шарено“ возило, а сето тоа го прави во име на заедништвото и љубовта.

54-годишниот Гадлов самиот себе се нарекува „Едно перо“, а многу години помина облечен како Исус, пред целосно да се посвети на хипичкиот начин на живеење и своето комби, кое си го вика „Храм на љубовта“, да го преуредува во таков стил.

28-12-hipi-godlove1

После ширењето на исусовите пораки за мир и љубов, еволуираше во „Едно перо“, хипик кој пуши „трева“ и патува ширум Америка, и понатаму ширејќи ја пораката за љубов и единство. Вели дека само со едно „добар ден“ може да заработи над 200 долари без проблем, а повеќето туристи сами му даваат донации, откако ќе ги освои и шармира со својот позитивен став и однос.

28-12-hipi-godlove2

Своето омилено возило го купу во 1995 година и истото набрзо стана негов „духовен дом“. Го купи од друг хипик, кој беше бездомник со жена и дете и кому социјалната служба му се закануваше дека ќе му го одземе детето ако не најде стан. Џејмисон му помогна и не зажали за тоа.

28-12-hipi-godlove3

28-12-hipi-godlove4

Откако во една хипи комуна се „напапа“ халуциногени печурки, облече наметка и почна да „глуми“ дека е Исус. Патуваше по светот барајќи светилиште неколку години, а попатно работеше едноставни работи за да може да го одржува својот животен стил. Набрзо потоа дојде на идеја дека би можел да заработува само од донации и успеа во тоа.

28-12-hipi-godlove5

Денес неговото хипи комбе е претешко за да се движи, па го чува во еден магацин во Калифорнија. Има проблем и со грбот и не знае уште колку долго ќе може да „работи“ меѓу туристите. Желба му е својата животна приказна да ја пренесе во книга со која би заработувал по нешто, но и да ја шири пораката за мир и љубов. „Можеби ќе инспирирам нова генерација на хипици“, вели Гадлов.

28-12-hipi-godlove6