Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Аднан Јанузај важеше за еден од најголемите светски таленти, како таков доби шанса во првиот тим на Манчестер Јунајтед кај Дејвид Мојс, но сега „исчезна“.
21-годишното момче кое во репрезентација го сакаа Хрватска, Босна и Косово, но тој се одлучи за Белгија бидејќи е роден во Брисел моментално е на позајмица и светлосни години далеку од дресот на Јунајтед.
Моментално е во Сандерленд, на крајот на сезоната треба да се врати во Јунајтед, но тешко дека за него има место на „Олд Трафорд“. Сега дури и челниците на клубот се свесни дека погрешија минатото лето кога не сакаа да го продадат за 15 милиони фунти.
„Клубот сега бара многу помалку пари отколку минатото лето за Јанузај, спремни сме да го пуштиме за помалку од 10 милиони фунти. Тој и понатаму има плата од 50.000 фунти неделно во Јунајтед, а тоа е фрлање пари! Се надеваме дека некој клуб ќе биде заинтересиран да го купи седното лето“, истакна Мурињо.