Се „начукале“, па се претставувале како инспектори од УБК и малтретирале луѓе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


68-годишниот М.Ј. и 28-годишниот Д.С. заработија кривични пријави поради неовластено држење оружје и распрскувачки материјали.

Овие двајца жители на Старо Село, општина Јегуновце, под дејство на алкохол се претставувале како инспектори на УБК, во кафана во Тетово, пренесува Фокус.

„На 10.04.2017 година околу 02,00 часот во угостителски објект без фирма во село Копанце-тетовско, сопственост на С.Т., пријавените под дејство на алкохол, претставувајќи се како инспектори на УБК Скопје, се обиделе да ги легитимираат гостите во објектот, по што извадиле огнено оружје. Пo интервенција на полициски службеници, при извршен преглед кај првопријавениот бил пронајден револвер марка “Застава” и шест куршуми, а кај второпријавениот пиштол марка “Маусер“ со празна рамка и осум испукани чаури калибар 9 милиметри“, велат од МВР.