Се мажеше 9 пати, беше в затвор, еден од сопрузите се ожени со сестра ѝ – пред неа клечеа сите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


За За Габор живееше во луксуз, беше опкружена со скапоцености кои вредеа цело богатство, но нејзината животна приказна воопшто не беше лесна.

Актерката За За Габор имаше животен пат исполнет со неверојатни случки и возбуди. Живееше 100 години, а почина во 2016 година од срцев удар. Обожаваше луксуз и уживаше во него, а често кажуваше дека својот живот едноставно не може да го замисли без накит.

Зад себе остави огромно богатство, а некои нејзини огрлици достигнуваат вредност од неверојатни 1,3 милиони долари.

Живееше во Лос Анџелес, во вила која некогаш припаѓаше на Елвис Присли. Има глумено во над 30 филма, а при крајот на животот се играше и самата себе. Актерката Габор остана запамтена и по бројните бракови, а се мажеше дури девет пати.

Нејзиниот прв сопруг беше турски интелектуалец, за недолго после тоа да се омажи за богаташот Конрад Хилтон. Со него ја доби ќерката Франческа, која во 2015 година ја снајде тешка трагедија. Франческа почина на 68 години, а За За таа загуба никогаш не ја преболе.

После Хилтон, се омажи за британски колега, кој подоцна се ожени со нејзината родена сестра. Потоа стапи во брак со советникот на американскиот претседател, па потоа со креаторот на куклата Барби, па за еден гроф, но и за германски принц.

Во центарот на вниманието од американските медиуми За За Габор се најде во 1989 година, кога на Беверли Хилс ошамари еден полицаец, поради што мораше да одлежи три дена затвор.

Нејзиниот посвоен син Оливер Принц фон Анхалт доживеа тешка сообраќајна несреќа. Оливер беше посвоен син на За За Габор и нејзиниот деветти сопруг, Фредрих Принц фон Анхалт, а почина како последица од повредите во сообраќајката која ја доживеа на 18 декември, додека возеше со мотор во Лос Анџелес.

Тој ден е примен во болница, а истиот ден почина неговата мајка. Беше во кома седум дена, а почина на католички Божиќ, на 25 декември.