Се крена од мртвите: Семејството сакаше да го закопа, а тој почна да мрда (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


17-годишниот Кумар Маревад од Индија, поради касање од куче скитник доби тешка инфекција која го смести во болница и тоа на респираторни апарати.

Состојбата на тинејџерот постојано се влошувала, па лекарите на крајот го исклучиле од апаратите и на семејството му порачале дека на момчето му нема спас. Семејството одлучило да го однесе дома и да го спрема за погреб.

„Лекарите ни рекоа дека нема шанси да преживее ако не е на апаратите, па почнавме да се спремаме за погреб“, изјави сопругот на неговата сестра. Ја направиле целата организација и телото го понеле кон местото за погребување, кога тинејџерот одеднаш почнал да мрда и да ги отвора очите.

Брзо го вратиле во болница каде повторно бил поврзан на апарати. Лекарите веруваат дека првиот пат кога го однеле од болницата телото уште било под дејство на седативи, поради што неговото тело било парализирано. Момчето моментално уште се наоѓа во тешка состојба.