Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само поради љубов во состојба сме од себе да ги направиме следните работи, зар не? Не сакаа да ги откријат своите вистински имиња, но ги открија најглупавите работи кои ги направиле поради маж.
„Излажав дека сум трудна. И две недели подоцна му кажав дека сепак тестот бил погрешен. Ме остави три недели подоцна се разбира“.
„Му кажав дека сум болна. Слушнав дека пријателка добила Кронова болест, малку ги прогуглав симптомите и му кажав дека го имам тоа. Беше прекрасен следните три месеци, а потоа полуде бидејќи мојата сестра за да ми се освети поради некои работи му кажа дека не ми е ништо“.
„Му кажав дека сепак сакам да имам секс во тројка, на кој изминатите месеци ме наговараше. Но, ниту тоа повеќе не помогна да го задржам. И подобро бидејќи и онака би се откажала во последен момент“.
„Се исфарбав плава на што долго ме наговараше. А потоа дознав дека девојката со која почнал да се гледа е црна“.
„Му напишав 10 страници долго писмо. Ужасно патетично и очајно. Но, тогаш ми се чинеше како добра идеја“.
„Му се заканив дека на неговите родители ќе им кажам дека останал без работа, што тој им премолчи за да не ги вознемири. Тоа тотално го разбесне. Жал ми е што тоа воопшто го споменав, никогаш не биго издала“.
„Отидов до неговиот стан гола, само во капут. Дома никој немаше“.
„Му испратив видео од себеси гола во кревет со порака, „Недостасуваш“. Ми одговори „Ти мене не““.
„Му испратив букет цвеќиња на работа. Во мејлот ме замоли тоа повеќе да не го правам бидејќи целата редакција се шегувала со него. Но, запали, се смиривме“.