Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најмладата припадничка на кланот Кардашијан/Џенер, Кајли Џенер, својот скапоцен возен парк го поднови со уште една луксузна машина.
Ролс Ројс Фантом вреден 500.000 долари е новиот модел во скапата автомобилска колекцијата на Кајли Џенер.
На своите 140 милиони следбеници на Инстаграм Кајли им се пофали со неколку фотки од новиот скап автомобил.
View this post on Instagram
Ролс Ројсот Фантом е модифициран според желбите и барањата на новата сопственичка. Седиштата се преслечени со најубава црвена кожа, а на кровот има „ѕвездено небо“ направено од 1.340 лед светилки.
View this post on Instagram
21- годишната Кајли Џенер која е една од најмладите милијардерки на светот во своите гаражи има уште еден сличен екстравагантен автомобил. Кајли поседува и уште еден Ролс Ројс , Мерцедес Г класа, Ламборгини Авентодор, Ферари 458 Италија и уште неколку други скапи автомобили.
Кајли ги нарекува свои „бебиња“.