Advertisements
Живот

Се е во нијансите: Со кои фотографии да го „запалите“ вашиот фраер, ви нудиме пет (ФОТО)

Не мораш да бидеш потполно гола за да му бидеш секси.

Момците се визуални типови и најмногу од се сакааш кога ќе ги изненадиме со некоја секси фотографија на која тие сакааш да одговорат во свој стил. Ако си сфатила дека сексуалниот живот ви дошол во мирна фаза, првата работа која можеш да ја направиш е да ја запалиш неговата фантазија.

Еве кои фотографии можат повторно да го „разбудат“ и едвај ќе дочекаат да те зграбат и да ти понудат невидено задоволство.

1. Во градник или гаќички кои тој на тебе ги обожува

Ако постојано зборува за чипкаст градник или „бразилки“ кои сака да ти ги соблекува, сликај се во долна облека во која обожава да те види и испрати му секси фотографија. Нема подобро отколку да му ги разработите мозочните фантазии. Уште и ако ти се чувствуваш секси во таа облека, тоа и тоа како ќе се примети на таа фотографија.

2. Суптилна голотија

Не мораш да бидеш потполно гола за да бидеш секси. Фраерите некогаш сакаат кога некои работи се сокриени, бидејќи тогаш фантазијата повеќе им работи. Сликај се лесно покриена на стратешките места. Тоа повеќе ќе го запали од потполно голо тело.

3. Без срам

Храбрите меѓу вас кои немаат проблеми со покажувањето на голото тело, слободно нека му испратат таква фотографија. Да биде уште позабавно: прикријте ја едната дојка, а другата откријте ја или нека се види половина од меѓуножјето. Во експериментирањето е цела магија.

4. Секси селфи

Ако голото тело не е доволно секси по себе, додади црвен кармин и заводнички поглед. Сликата која ќе му ја испратиш може да го вклучува и само твоето лице. Но без „дакфејс“, бидејќи тоа не е секси.

5. Твојата најдрага фотографија

Било која фотографија која тебе ти е драга, а сметаш дека на неа изгледаш одлично, можеш да ја испратиш во секси конктекст. Покрај неа додади валкан секс како: „Сакам секој дел од овој аутфит да го соблекуваш со заби“ или нешто слично. Твојот фраер на тоа нема да може да одолее.

Advertisements
To Top