Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ ќе потпише нов договор со италијанскиот шампион до крајот на неделата, пренесуваат италијанските медиуми.
Денес се очекува средба меѓу агентот и раководството на клубот за да се договорат последните детали од новиот договор, со кој Пјаниќ ќе остане во Јувентус до 2023 година.
Ова лето имаше многу понуди за Босанецот, но „старата дама“ се одлучи да го задржи во своите редови Пјаниќ и ќе го награди со нов, побогат договор.
Во моментив Пјаниќ заработува 4,5 милиони евра по сезона, а според новиот договор ќе добива 6,5 милиони евра плус бонуси и ќе биде трет најплатен фудбалер во тимот после Роналдо и Дибала.