Се дружи со Бела Хадид и Ријана: Има 24 години и буквално преку ноќ стана милијардер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


24-годишниот Ерик Це како нормално друштво ги има Ријана и Бела Хадид, а кога сака да гледа кошарка, тоа го прави заедно со Јао Минг.

Тој завчера буквално преку ноќ стана милијардер, кога доби дел од акциите на компанијата на неговото семејство во вредност од 3,88 милијарди долари. Це неодамна дипломираше на престижниот универзитет Wharton School of Finance.

Родителите на Це, извршни директори на Sino Biopharmaceutical Limited му дадоа петтина од вкупниот број акции пред три дена, јави CNN, со што 24-годишниот дечко со потекло од Хонг Конг е последен од низата нови азиски милијардери.

Профилот на младиот богат човек на Инстаграм забележува живот во висок стил; сноубординг во Јапонија, падобранство во Тајланд, пливање со делфини на Бахамите.

Тој исто така објави фотографии со некои од најистакнатите спортисти во Кина, како што се Олимпиецот Сун Јанг и иконата на кошарката Јао Минг.

Це се среќава и со политички лидери и членови на кралските семејства, како принцезата Шарлин од Монако или поранешната француска прва дама Карла Бруни.