Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според она кое го објави тимот истражувачите од универзитетот од Илиноис, тие тврдат дека иновирале начин како да создадат вино кое по консумирањето нема да ви предизвика мамурлак.
Студијата објавена во журналот за применета и микробиологија на животната средина вели дека тие создале квасец кој во голема мера би ги зголемил здравствените придобивки од виното, истовремено редуцирајќи ги токсичните нуспроизводи кои ги предизвикуваат симптомите на мамурлак.
Научниците креирале ензимско „сечиво“ за прецизен метаболички инженеринг на полиплоидот (клетка која содржи повеќе од 2 гарнитури на хромозоми) Saccharomyces cerevisiae кој се користи во производството на вино, пиво и останати ферментирани пијалаци и храна.
Квасецот создаден од овој ензим резултира со вино кое содржи повеќе ресвератрол, антиоксидантна состојка која ја забавува Алцхајмеровата болест, го подобрува срцевото здравје преку намалување на холестеролот, а помага и во борбата против канцерот, притоа помагајќи на виното подобро да „лизга“ и да има помалку токсични нуспроизводи за време на неговото производство.
Ензимот може да се користи и за изолирање на гените одговорни за индивидуалните вкусови – истите оние кои на виното му даваат посладок, сув, „дрвен“, или друг вкус.