Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот ракометен голман Славиша Џукановиќ доживеа срцев удар на тренинг. Тој од оваа сезона настапува за францускиот прволигаш Аикс и почувствувал проблеми со срцето.
Хитно е пренесен во болницата во Марсеј, каде му бил констатиран срцев удар, па лекарите се борат за неговиот живот.
„На тренингот му се слоши и само падна. За среќа, тука беше докторот кој го одржа во живот. Страшно! Тој е вистински спортист, не пиеше ниту пушеше“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Србија.
38-годишниот Џукановиќ е поранешен српски репрезентативец, а на последното Европско првенство ја напушти репрезентацијата поради несогласување со првиот голман Дарко Станиќ.