Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Музичкиот могул од светот на забавната музика и шоубизнис фелата, Шон Диди Комбс, по смртта на сопругата Ким Портер, која почина на 15-ти ноември минатата година, сè уште се бори со траумата и болката од загубата во обид да продолжи со нормалниот живот заедно со ќерките и синот кој го добил со Ким.
Ким почина од компликации предизвикани од пневмонија во 47-та година, а нејзината изненадна смрт го потресе семејството кон крајот на минатата година.
Во пресрет на празникот Денот на мајката кој се одбележува на 12-ти мај, Диди во аудио интервју за „Essence” изјави дека неговото тој и семејство сè уште не можат да се опорават емоционално од загубата и дека ќе им треба уште многу време да се навикнат дека нивната Ким повеќе ја нема.
Almost six months ago, with the loss of Kim Porter, @Diddy‘s life changed forever. “I would say I’m putting in work to fill shoes that are almost impossible to fill.” In our May issue, the father of six opens up about life after the tragedy. https://t.co/vBhBNTik9j pic.twitter.com/CCr6K0l4Jw
— ESSENCE (@Essence) April 23, 2019
„Пред сето ова бев татко со скратено работно време. Моето семејство секогаш беше на прво место, но многу пати ја ставав работата пред семејството. Ја слушам секој ден како ми вели дека треба да поминувам време со децата и да се трудам сè да биде добро. Сега сум многу поприсутен и моите деца ми се приоритет”, вели Диди во интервјуто.
Пред Ким да почине, според зборовите на Диди, имала грип и ги испратила децата кај нивниот татко за да не ги разболи.
„Пафи, чувај ги моите деца. Тоа ми го кажа пред да почине”, заклучил музичарот низ солзи.