Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Неверојатен гаф во Италија. Комесарот на Серија А Џовани Малаго на пресконференција и честираше на Фиоренатина што одлучила да му го продолжи договорот на Астори, а тоа всушност била лажна вест.
Вчера сите италијански и светски медиуми објавија дека Фиорентина одлучила да му го продолжи договорот на Астори и парите да и ги дава на неговата фамилија. (ОВДЕ).
На веста „наседна“ и комесарот на Серија А Џовани Малаго, а потоа јавно се огласи Фиорентина и ја демантираше веста.
„Само тишина и почит за да го сочуваме споменот на Давиде. Фиорентина е се уште во шок од трагичниот настан и замолува за тишина и почит. Во името на сите“, стои во соопштението на Фиорентина.
Италијанските медиуми тврдат дека соопштението е за Малаго лично, бидејќи е несватливо како така висок функционер да даде неодговорна изјава.