Се бараа притвори, се одзедоа пасоши!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако СЈО побара притвор за обвинетите во последните предмети, воглавно припадници на највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ, Основниот суд Скопје 1 одлучи само да им ги одземе пасошите на повеќето од нив.

За поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и пратеничката Елизабета Канческа – Милевска Основниот суд Скопје 1 одлучи да им ги одземе пасошите, но не и да им одреди притвор. Двајцата се осомничени во одделни предмети на Специјалното јавно обвинителство и против нив е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување.

За Груевски, Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески Судот ќе објави по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од Основниот суд во целост:

Постапувајќи по предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост поднесени од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), Кривичните совети од одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по разгледување и детална анализа на фактите и доказите приложени во предметите и предлозите, донесе решенија за сите предлози кои се дел од различни предмети, со кои:

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 18/17 во јавноста познат како „Тарифа“ за определување мерки за претпазливост против Д.Б., М.С. и Н.Ѓ., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Прелогот кој е дел од предметот КОК ООА бр. 19/17 во јавноста познат како „Трезор“ за определување мерки за претпазливост против Н.С., делумно се уважува и на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазлиовст – Привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова службена патна исправа, и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 21/17 во јавноста познат како „Титаник 2“ за определување мерки за претпазливост против М.Т., Б.И., С.С., Б.Н.П, Б.А., А.Џ. и Г.Ф., се одбиваат како неосновани.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 22/17 во јавноста познат како „Топлик“ за определување мерки за претпазливост против Т.Ѓ., Д.Д., М.Т., Д.Г. и В.Т., се уважуваат и на обвинетите им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 23/17 во јавноста познат како „Тендери“ за определување мерка притвор против Е.К.М. и Л.Л.Ц., се одбиваат како неосновани, по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Додека предлогот за определување мерки за претпазливост против Ј.У.и тоа – Обврска обвинетиот секој работен понеделник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одзмање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа, се уважува.

Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 24/17 во јавноста познат како „ТНТ“ за определување мерки за претпазливост против А.Д.А, Е.Н., Н.Р. и М.З., се уважуваат и на обвинетите им се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетите секој работен вторник да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување мерка притвор против Т.Т., се одбива како неоснова, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа.
Предлозите кои се дел од предметот КОК ООА бр. 25/17 во јавноста познат како „Траекторија“, за определување мерка притвор против В.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секој работен вторник да се јавува кај надлежно службено лице во судот и Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова патна исправа. Предлогот за определување на мерки за претпазливост против Љ.Г., се уважува и му се определуваат горе наведените мерки за претпазливост.

Предлогот кој е дел од предметот КОК ООА бр.26/17 за определување мерка притвор против Ѓ.П., се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност му се опредлуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот секоја работна среда да се јавува кај надлежно службено лице во судот, Привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на службена патна исправа и забрана за издавање на нова.

Што се однесува до преостанатите предлози кои до судот беа доставени доцна синоќа, како што информиравме во претходноото соопштение, по донесување на одлуките, нивна писмена изработка и достава до странките во постапката, јавноста ќе биде навремено известена.