Се бара лицето кое си загина неколку килограми злато во швајцарски воз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Швајцарските истражни органи трагаат по лицето кое оставило неколку килограми злато во еден локален воз минатата есен.

Сопственикот има пет години за да побара враќање на златото од обвинителството во Луцерн, објави денеска новинската агенција „Keystone-SDA“.

Златото е во вредност од околу 170.000 евра, се вели во соопштението, што значи дека тежи помеѓу 3,4 и 3,8 килограми, во зависност од цената на златото. Пакетот бил забелележан во октомври 2019 година, во воз меѓу Сент Гален и Луцерн.

И покрај напорите, сопственикот сè уште не е пронајден и не е разјаснето што треба да покаже за да ја докаже сопственоста.