Се апсат полицајци и цариници на Табановце


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва за влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека и над три часа.

На преминот се излезени голем број незадоволни патници, но и полицајци и цариници. Во тек е полициска акција во која се приведуваат полицајци и цариници, а нивните колеги се излезени во нивна одбрана. МВР за утре најавува повеќе детали.

„Во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваме заедничка акција на ГП Табановце. Утре ќе имаме детали“, е краткиот одговор од МВР.

Очевидци велат дека со часови не бил пуштен ниту еден автомобил и дека немаат никаква информација што се случува.