Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и лажење на граѓаните“, реагираше денеска СДСМ на прес-конференцијата на Вељаноски, кој во името на партијата побара увид во тоа што премиерот Зоран Заев договорил при посетата на Софија.
Од СДСМ велат дека „ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот ‘Вистината за Македонија’. Преку постојани блокади на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и национални интереси“.
„За разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е и ќе биде на увид на граѓаните. Сè што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план е во интерес на надминување на отворените прашања и подобра иднина за државата и граѓаните, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи, и во целосна заштита на државните и националните интереси“, се вели во реакцијата.