Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од СДСМ тврдат дека партијата има обезбедено коалициско мнозинство за формирање на нова Влада. Овие тврдења доаѓаат откако Лајм и неколку други медиуми на албански јазик објавија дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се пред договор за формирање на нова влада со премиер-Албанец.
-Очигледно е дека текстовите објавени вечерва се провидно политичко позиционирање преку злоупотреба на медиуми, заради постигнување подобри позиции пред јавноста, но и во преговорите на одредени политички субјекти – коментираат од СДСМ.
Од таму додаваат дека во следните денови претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев.