СДСМ со Заев и Шеќеринска како водечки тандем и на овие парламентарни избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјално е потврдено дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска ќе бидат носители на листите на коалицијата предвоена од СДСМ на престојните предвремени парламентарни избори.

Листите ќе бидат предводени од маж и жена почитувајќи се правото на родова еднаквост но места ќе има и за сите други коалициски партнери посочи Заев откако и ЛДП официјализираа дека повторно ќе коалицираат со сцијал- демократите. Сепак од Бихаќка не откриваат во која изборна единица Шеќеринска ќе ја предводи кандидатската листата. За останатите имиња за кои се шпекулираше во јавноста меѓу кои и Мила Царовска , Оливер Спасовски, Венко Филипче не откриваат детали и велат на конгресот веќе се ќе биде познато.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски пак со порака до Заев дека е како што рече дволично да се бори и за премиерската фотеља а во исто време да не се откажува ниту од пратеничкиот мандат. Во насока на досегашните изјави за шпицен кандидат но и по шпекулациите дека можеби и тој ќе се најде како носител на листа , по денешната изјава на Мицковски голема е веројатноста неговото име и воопшто да не се најде на кандидатските листи.

Во јавноста пак неофицијално веќе излегоа имињата на носителите на листите на ДУИ. Али Ахмети ќе ја предводи 6 ката, Талат Џафери ќе ја предводи 5 тата изборна единица, Изет Меџити ќе биде носител во единицата, министерот за образование Арбр Адеми во двојка, а Беким Незири во 3 тата изборна единица.

Вкупно 14 кандидати за пратеници за претстојните избори номинираше Беса, на состанокот на Централното собрание на партијата во Тетово.

Лидерот на Беса Билал Касами е номиниран за пратеник во шестата изборна единица, каде што се очекува тој да биде и носител на листа на коалицијата предводена од СДСМ. За оваа изборна единица, Беса излезе со дури девет номинации за заедничката листа со СДСМ, која треба да брои вкупно 20 кандидати. Покрај Касами, во оваа ИЕ е номиниран и досегашниот пратеник Фадил Зендели.

Во првата ИЕ Беса го номинира двајца кандидати, меѓу кои е и потпретседателот на партијата Кастриот Реџепи. Двајца кандидати се предложени и за „двојката“, меѓу кои е Басри Бајрами, поранешен градоначалник на Арачиново од редовите на Нова демократија – партијата што ја предводеше Имер Селмани. Во петтата ИЕ единствена кандидатка е Мелинда Решиди.

Алијансата и Алтернатива се уште ги прават последните анализи, иако од таму веќе се поизвесно е дека Села изборите ќе ги трча во 6 ката против Ахмети, Касами, но и Тачи. Гаши пак најверојатно ќе биде во двојката.

Она што исто така е познато дека нзависни пратенички листи нема да има откако истече рокот и не беа собрани потребните потписи .

Партијата на пензионерите пак продолжува во коалиција со СДСМ.