СДСМ прогласи победа на изборите – еве кои партии по колку пратеници имаат според првичните неофицијални податоци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ноќеска, во изјава за медиумите и јавноста, прогласи победа на коалицијата „Можеме“ на вчерашните парламентарни избори, оценувајќи дека победила волјата на народот и граѓаните гласале за сигурна иднина.

Првичните проекции за резултатите од вонредните парламентарни избори покажуваат минимална предност на коалицијата “Можеме” на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ од два пратеници повеќе 46 наспроти 44, од преброени 96 отсто од гласачките ливичиња или 3459 од 3480 избирачки места. Резултатите се појавија на офицјлната страница на државната изборна комисија откако преку целиот избирачки ден таа беше хакирана, а детали се објавува на јутуб кналот на ДИК. Ажурирањето отпочна рано изутринава.

15 пратеници во новиот состав на Собранието ќе има Демократската Унија за интеграција, Алијансата на албанците 12, Левица, по првично обајвените резултати рано изитринава останува со два (еден во ИЕ 1 и 1 во ИЕ 3), а пратеници стануваат Димитар Апасиев во првата изборна единица, и Борислав Крмов во тројка, а Демократската партија на Албанците освои 1 пратеник.

Во првата изборна единица, СДСМ со поледните пребројувања рано изутрнива и направената промена во официјалниот софтвер кој беше хакиран сега наместо 7 има 8, со што ја зголеми разликата кон ривалот ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 7 пратеници , ДУИ наместо 3, со последдното пребруванје загуби и сега е со 2, додека Алијансата на албанците останува на 2 и Левица 1.

Во втората изборна единица, СДСМ и , ВМРО-ДПМНЕ освоија по 7, додека ДУИ и Алијансата за албанците изедначени со 3 пратеници.

Во третата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, а исто така засега до самиот крај на пребројување 9 има колацијата Можеме на СДСМ ,а еден Левица.

Во четвртата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници, во петтата изборна единица по 8 пратеници имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, 3-ца пратеници има ДУИ а Алијансата за албанците еден пратеник.

Во 6-тата изборна единица, ДУИ освои 7 пратеници, алијансата за албанците 6, СДСМ освои 4 пратеници а ВМРО-ДПМНЕ 2. Еден пратеник освои Демократската партија на албанците.

До 5 часот изутрина останаа непребројани гласовите во уште 21 избирачко место. „Можеме“ на СДСМ тесно води со 1,29 % разлика пред ВМРО-ДПМНЕ или 36 наспроти 34,71 % освоени гласови.