СДСМ пресметка на мандатите – 51:51, ВМРО ДПМНЕ смета 51:49 во нивна корист


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според аналитичкиот центар на СДСМ, бројот на освоени пратенички мандати на социјалдемократите и на ВМРО-ДПМНЕ е изедначен – на изборите се освоени по 51 пратеник. Наспротив ова, според партиските пресметки на ВМРО-ДПМНЕтие освоиле 51 пратеничко место, а СДСМ 49.

СДСМ рано утрово соопшти дека мнозинството граѓани на вчерашните парламентарни избори гласаа за промени. „Согласно резултатите од аналитичкиот центар на партијата, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51, додека ВМРО-ДПМНЕ освои исто така 51 мандат“, соопшти СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 51 пратеник, а СДСМ 49 пратенички места, покажуваат пресметките на владејачката партија.

Од обработените податоци во сите шест изборни единици (без ИЕ 7 за дијаспората), податоците на ДИК покажуваат дека бројот на освоени гласа за ВМРО-ДПМНЕ изнесува 452.709 илјади или 38,06%, а за СДСМ бројката е 436.469 или 36,69%. Разликата е 1,37% или 16.240 гласа освои повеќе коалицијата на владејачката партија од коалицијата на социјалдемократите.