Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Половина час по полноќ партискиот портпарол на владејачката партија СДСМ, Костадин Костадинов, соопшти дека тие одлучиле да не одат на предвремени парламентарни избори, што знчи дека истите нема да бидат распишани.
„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните, а тие бараат реформи. Државотворна партија на која интереси и се оние на државата, не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот и е многу повисок од оној на опозицијата. Се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна власт не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ за да оди на избори“, рече Костадинов пред новинарите.
Истовремено било разговарано и за консензуална поддршка на еден кандидат за претседател од целокупната владеачка коалиција. Тоа значи дека и натаму останува во игра можноста за заеднички избор со ДУИ.