Home Актуелно СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби.

Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во нив нема ништо спорно, затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата по бугарски терк, како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“ порачуваат од владејачката СДСМ.

Ставот на партијата е дека „усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската но и до бугарската влада“.

„Ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност“ порачуваат од СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…