Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Новото парламентарно мнозинство ја презема обврската многу скоро да ги одблокира демократските процеси и да избере нова реформска Влада којашто ќе обезбеди добар живот за сите. Тоа ќе биде направено согласно Деловникот, Уставот и законите, како што доликува на одговорни политичари зад кои застанаа 700.000 граѓани на Македонија, велат од СДСМ.
Очекувањата на мнозинството граѓани во Македонија и на меѓународната јавност ќе бидат остварени, бидејќи тоа е единствениот правилен пат за Македонија. Формирањето нова Влада е врвен приоритет за државните интереси на Македонија и за граѓаните, додаваат од партијата.
Нова реформска Влада ќе овозможи решенија на многу горливи прашања за граѓаните, што веќе ја загрозуваат нивната егзистенција. Ќе ги исплати субенциите на земјоделците и ќе им обезбеди навремени и поголеми субвенции. Ќе обезбеди повисоки плати за работниците, како и стабилизација на фирмите и економијата, потенцираат од СДСМ.
За учениците, наставниците и родителите изборот на новата Влада ќе донесе укинување на стресното и непотребно екстерно тестирање. За здравствените осигуреници ќе биде овозможено бесплатно болничко лекување. За сите граѓани ќе има правда преку неселктивен и професионален правосуден систем, порачуваат од партијата.
Ова се само дел од мерките за коишто граѓаните гласаа и за коишто парламентарното мозинство има преземно обврска да ги реализира. Таа обврска ќе биде исполнета, а мнозинската волја ќе биде испочитувана. Демократските процеси се незапирливи. Ќе има живот за сите во Македонија, додаваат од СДСМ.