Актуелно

СДСМ ќе размисли за предвремени избори: „Предлогот доаѓа од првиот човек на опозицијата“

Бидејќи предлогот не доаѓа од било кој, туку од првиот човек на најсилната и најголема опозициска партија, барањето за предвремени парламентарни избори за едно со претседателските на пролет ќе биде разгледано во највисоките партиски органи на владејачкиот СДСМ, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„И Мицкоски знае дека тоа што го бара, моли бога да не се случи. Но бидејќи се работи за барање од првиот човек на опозицијата серизно ќе размислиме и ова прашање ќе се отвори во органите во партијата“, рече Заев.

Според него за владејачкото мнозинство е посакувано да има избори, но тоа би се одразило на напредокот на земјата.

„Мојот став го повторувам барем еднаш неделно. Ги знаеме анкетите, знаеме како стојат работите, Ако истрчаме ќе добиеме 4 години пред нас. Тоа за политичка гарнитура е добро, но Македонија ќе изгуби најмалку 4 до 6 месеци со подготовка, избори, преговори, давање-недавање мандати и тоа ќе се одрази на економсмаката состојба и застој во рефрмите што би можело д абиде аргумент за некои земји за одложување на преговорите. Но вчера на ваков датум опозицијата, која цело време го блокира евроатлантското интегрирање Мицкоски, Груевски, Бачев и сите други, прават видлива блокада без да дадат алтернатива излегува со повик за избори, ова е сериозно. Ако ние не го размислме ова сериозно, не би биле сериозни политичари и партија“, најави Заев.

Најпопуларно

To Top