СДСМ: Груевски нека се подготви за опозиција, доста ги малтретира луѓето да го бранат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Груевски мора да ја прифати реалноста и да се подготви за опозиција и за соочување со правдата, реагираат од СДСМ на вчерашното интервју на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во дневникот на Канал 5.

Ефектите од документите на Груевски ги почувствуваа граѓаните. Но заврши тоа време за лични криминали и криминали на неговите соработници. Сега пред целата домашна и меѓународна јавност е конкретен документ зад којшто стојат околу 700.000 граѓани на Македонија. Тоа е Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто гарантира квалитетен живот за сите граѓани независно од каква било различност, правда за сите, заедништво и реформи за евроатланските интеграции. Таа Програма го разобличува Груевски и тоа го потресува, бидејќи му ги одзема сите лажни вести, велат од СДСМ.

Од таму додаваат дека Груевски мора веднаш да се повлече од насилната реторика, да престане да шири немир и поделби кај граѓаните за непостоечки теми и да ги малтретира луѓето да ги бранат неговите криминали.