СДСМ донесе одлука под кој слоган ќе ја води предизборната кампања


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Заедно напред!“ е слоганот под кој ќе се води кампањата за кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Одлуката е донесена на синоќешниот состанок на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата.

На проширената средба на Централниот изборен штаб на која биле присутни сите министри, градоначалници и локални функционери лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата да се одржат кристално чисти избори.