Home Актуелно СДСМ бара од Стојчев сам да си даде оставка од градоначалничката позиција

СДСМ бара од Стојчев сам да си даде оставка од градоначалничката позиција

„Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ“. Ова денеска го соопшти пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, пренесува 24.мк.

Тој порача дека „СДСМ како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите“.

„Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“ – рече Костадинов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…