СДСМ бара Иванов да престане да го крши уставот и да го даде мандатот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


СДСМ бара Иванов да престане да го крши Уставот. Во соопштението од партијата се додава дека претседателот  е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада. 

Мнозинството граѓани во Македонија гласаа за квалитетен живот, за нови работни места, за парите да се вратат на луѓето, за квалитетно образование и здравство. Ова се очекувањата на граѓаните и ова се приоритетите на новата реформска влада што е неопходно што побрзо да се формира, за земјата да продолжи да се развива според стратешките интереси кон ЕУ и НАТО, се вели во нивното соопштение.