Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реномираниот македонски басист Љубомир Стојсављевиќ го направи неговото деби за издавачкиот бренд „PMGJazz“ со одличниот албум едноставно насловен SD4.
Стојсављевиќ својата музичка кариера и име ги изгради како основач и басист на одлчната и популарна синт-поп група „Бастион“. Во сегашната нова постава именувана како SD4 (име кое го носи и нивниот прв албум), освен Љубомир, е и веќе проверената џезерска екипа: Владан Дробицки на тромбон, Панче Бујуклиев на клавијатури и Гоце Наумов на тапани.