Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стан Вавринка го победи Жо-Вилфред Цонга со 3:0 избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен, но во паузата помеѓу првиот и вториот сет влезе во во вербална расправија со противникот.
Откако го доби првиот сет во тај брејк, Швајцарецот започна расправија со Цонга, во моментот додека тенисерите беа на пауза помеѓу првиот и вториот сет.
„Мене ме гледаш!? Зошто гледаш само во мене!? Дај малку олабави се, ова е само тениски меч“, вакаше Вавринка додека противникот воопшто не реагира.
Цонга во вториот сет, случајно или со намера, со сервис го погоди Вавринка, а Швајцарецот потоа му се пожали на судијата дека Цонга не покажал дека сервира со нови топчиња.
Вавринка му врати на Цонга во истиот сет, при резултат 4:4, кога речиси целиот терен му беше празен, тој еден силен форхенд насочи директно кон Цонга.