Саудискиот принц Бин Салман го купи Њукасл – клубот фактички стана најбогат на светот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Саудискиот конзорциум го купи тимот на Сент Џејмс Парк од Мајк Ешли после долгите преговори и сега Њукасл е еден од најбогатите клубови во светот. Инвестициониот фонд од Саудиска Арабија ќе има 80% сопственост од акциите на клубот, а прв човек ќе биде принцот Мохамед Бин Салман.

„Горди сме што станавме нови сопственици на Њукасл, еден од најславнит англиски клубови. Им, благодариме на навивачите за поддршката. Во наредните години ќе работиме заедно за да го подобриме тимот“, стои во соопштението.

Богатството на новите сопственици на Њукасл се проценува на 320 милијарди фунти и Њукасл во иднина сигурно ќе може да смета на големи засилувања. Тие ќе ги имаат најбогатите сопственици на еден фудбалски клуб во светот.