Саудиска принцеза која ги руши сите стереотипи


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дина Ал Џухани е саудиска принцеза која оваа титула во конзервативната арапска земја не ја спречи да ги сруши сите стереотипи на тоа општество и сите бариери кои се испречуваа на нејзиниот пат.

41-годишната мајка на три деца е мажена за член на саудиското кралско семејство, Абдулазиз бин Насер бин Абдулазиз ел Сауд, и води два ексклузивни бутици во Риџад и Доха. Освен тоа, стана и главна уредничка на арапското издание на престижниот Vogue, а исто е честа гостинка на модните недели ширум светот.

Има и своја брендирана модна марка, D’NA, со сите муштерии соработува и комуницира лично. Поради својот смел избор на живот и моден стил со кој се носи, конзервативната јавност на Саудиска Арабија прави замерки на нејзина сметка што не е покриена со бурка, а има добивано и сериозни закани.