Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во Саудиска Арабија е уапсен милијардерот и принц Алвалеед бин Талал, со уште најмалку десет други принцови, четири актуелни и десет бивши министри.
Веста за апсењето ја објави и Al Arabiya, ТВ куќа во сопдтвеност на Саудиска Арабија, чии вести мора да бидат официјално одобрени. Апсењето на Алвалеед сигурно ќе ја шокира не само Арабија туку и светските финансиски центри, пишува Њујорк Тајмс.
По налог на новоформираниот Комитет за борба против корупција, Во Саудиска Арабија,уапсени се 11 принцови, четворица актуелни министри и десетици поранешни министри, пренесуваат арапските медиуми.
Комитетот, со кој претседава престолонаследникот принцот Мохамед бин Салман, е основан завчера со кралски указ. Уапсени се 11 принцови од владејачката династија Ал Сауд и 30 поранешни министри под обвинение за корупција.
Според телевизијата „Ал Мајдин“, меѓу обвинетите се наоѓаат медиумскиот магнат, принцот Валид бин Талал, министерот за економија Адел Факих, кој беше сменет пред два дена, како и веќе поранешниот шеф на Министерството на националната гарда, принцот Митеб бин Абдула, исто така отстранет пред два дена.
Саудиските власти официјално не објавија список со имињата на обвинетите лица.
Претходно, саудискиот крал Салман именува нови раководители на три министерства – за економија, националната гарда и военоморските сили.
Министер на националната гарда ќе биде Халед Ајаф, за економија Мохамед Туајџри, а командантот на ВМС, Абдула Султан ќе биде заменет од Фахад Гафли. Засега не се соопштуваат причините за отказите.