Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сателит во сопственост на израелската влада направи снимка на „невидливите“ авионио ловци од типот Сухој Су-57.
Сателитскиот оператор иСи (Имиџ сат интернешнел) соопшти дека сателитот „Ерос Б“ забележал два такви авиони во воздухопловната база Хмејмим во сириската крајбрежна провинција Латакија. Во соопштението се наведува дека Су-57 авионите сѐ уште не се оперативни и дека Русија најверојатно ќе ја користи Сирија како полигон за тестирање на авионите.
#ISI reveals the first deployment of two #Russian stealth fighters #SU-57, as can be seen in Eros-B #satellite imagery from yesterday pic.twitter.com/SoOEhhpe0R
— imagesatintl (@imagesatint) February 24, 2018
Израелските медиуми потсетуваат дека во вестите од Русија пред неколку дена беше наведено дека Москва ги засилила своите сили во Сирија со неколку авиони, вклучувајќи ги и своите најнови борбени летала.
Ова е првпат овие авиони да бидат идентификувани во Сирија, но нејасно е дали руската војска планира да ги користи во нападите имајќи предвид дека се во развојна фаза, наведуваат истите извори. Тие потсетуваат и дека Су-57 е ловец од петтата генерација, во која се и американските авиони Ф-22 и Ф-35, а кои ги има и Израел и за кои најновиот руски ловец треба да биде директен одговор.
Израелските медиуми наведуваат дека нема воено оправдување за разместувањето на рускиот „стелт“ авион во Сирија. Некои експерти сметаат дека објаснувањето е дека Су-57 ќе се тестира во реални воени услови, додека друга теорија е дека тие авиони треба да им се спротивстават на американските воздушни напади во Сирија против руските платеници.