Вебкафе

„Сатана“ – најмоќниот руски проектил: Еден може да го сруши Њујорк, а ги имаат 55

Тензиите меѓу САД и Русија се на највисоко ниво по Студената војна, па експертите предупредуваат на застрашувачкиот руски нуклеарен арсенал. Само пет SS-18 ракети би можеле да го уништат целиот источен брег на САД, а Русија поседува дури 55 такви проектили.

Ова е најмоќниот проектил во рускиот нуклеарен арсенал, што воедно е најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

SS-18 може да носи боева глава од 20.000 килотони, што е илјада пати посилно од бомбата што е фрлена на Нагасаки. Само еден ваков проектил може да уништи три четвртини од Њујорк, а последиците можат да траат илјадници години, вели експертот Пол Крег Робертс.

Директниот удар на проектилот, што го носи името Satan, може да усмрти 4,5 милиони луѓе во Њујорк, да повреди уште 3,6 милиони и да озрачи област од околу 1.000 километри.

Уште пострашно е што проектилот може да биде опремен со десет помали боеви глави, од кои секоја има сила од 550 килотони, а можат да покријат многу поголем радиус. Таквиот напад е речиси невозможно да се спречи со противракетната одбрана.

Според Робертс, Русија лесно може да го уништи НАТО или да доведе до негов колапс.

Робертс не е единствениот што предупредува на можноста за избивање на трета светска војна. Рускиот член на Граѓанската комора, Сергеј Марков вели дека ескалацијата на судирот во Сирија може да доведе до директен судир на големите светски сили.

Марков смета дека до ескалација би можело да дојде ако Русија, засилена со флотата која плови кон Сирија, стартува нов масивен напад на Алепо за да ги докрајчи антирежимските борци. НАТО предвидува дека руските сили за две недели ќе бидат во близина на Сирија и ќе можат да ги стартуваат своите дејствија против бунтовниците.

Русија го обвинува НАТо за агресивни активности, како што е поставувањето на противракетниот штит во Источна Европа и зголемување на бројот на војници на границата со Русија. Од друга страна, Русија во последниете неколку години изведе големи воени вежби и таа ја зголеми бројноста на своите трупи на границата со ЕУ.

Advertisements
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top