Сасоли апелираше дека работат на надминување на одложениот датум за преговори


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на Европскиот парламент, Давид Сасоли, пред крајот на неговата официјална посета на Македонија, после неговото обраќање во македонското Собрание, на граѓаните на Македонија им порача дека почетокот на преговорите со ЕУ е одложен и оти е сигурен дека она што одредени држави го искажале како забелешки ќе биде надминато. Сасоли сепак предупреди дека земјата треба да продолжи и со реформите.

„Овој застој што се направи секако ќе биде надминат. Не беше кажано „не“, туку само беше одложено донесувањето на одлуката. Нашата сила се состои во тоа што сите европски институции Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија се единствени за отпочнување преговори“, рече претседателот на ЕП, кој во финалната изјава заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Сепак, Сасоли потсетува дека Република Северна Македонија и Албанија треба да го продолжат процесот на реформи.