Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешното судско рочиштето за случајот кој претходно беше под ингеренција на СЈО, „Таргет Тврдина“, во судницата се соочија екс разузнавачот и актуелен советник во Владата, Зоран Верушевски, кој е во својство на сведок, и бившиот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет во овој случај.
На рочиштето одбраната требаше вкрстено да го испрашува сведокот Зоран Верушевски, но тие се откажаа од ваквото право.
„Немаме прашања“, му се обрати обвинетиот Сашо Мијалков на судот.
Обвинителката Ленче Ристовска побара Обвинителството да постави дополнителни прашања за правилно утврдување на фактичката состојба, но судот го одби барањето бидејќи на минатото рочиште нејзиниот колега Артан Ајро изјавил дека нема повеќе прашања.
Судот укажа дека Обвинителството може на крај од постапката да постави дополнителни прашања. И Мијалков и одбраната се изјаснија дека немаат прашања за сведокот Верушевски.
Предметот Таргет-Тврдина е еден од предметите на СЈО во кој треба да се се утврди кој нелегално прислушувани 20.000 граѓани преку системите за следење на комуникации во УБК.