Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сашо Мијалков, член на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање денеска соопшти дека донел лична одлука да се повлече од сите партиски функции.
„Ја информирам јавноста дека мојата политичка активност ја ставам во мирување. Со цел да се завршат судските постапки кои се во тек, а во кои што кај мене постои лично убедување дека ќе се докаже вистината, донесов лична одлука да се повлечам од сите партиски функции„ стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Мијалков наведува дека низ целиот свој животен и работен век со своите можности, сила и знаење се вградувал во партијата, почитувајќи и верувајќи во нејзините определби и идеја, и залагајќи се за доследност и посветеност кон истите. Тој е еден од осомниченте во случаите „Таргет“ за незаконско прислушкување, „Трезор“ и „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство.