Advertisements
Музика

Сашо Гигов Гиш – „Џелем, џелем“, блуз изведба откината од најсредето

Во личен и емотивен коментар на неговиот Фејсбук профил за оваа изведба на „Џелем, џелем“ од страна на Сашо Гигов Гиш, славниот радио-водител и диџеј Драган Б. Костиќ ќе рече:

„Не е тоа начин, тоа е живот кој тој го разбира и почитува, пеејки, го постела пред вас. Ерупција од чувства, во кои како секој збор да има илјада приказни.Толку емотивно, вокално неповторлива еквилибристика, со извонредно доживеана инструментална придружба.Сум слушнал стотици извонредни блуз интерпретации, но оваа ги надминува речиси сите такви.

Тој е извонреден имитатор.Но емоциите не се имитираат. Проверете. Ако и вас ве полазат морници, значи не сум единствениот емотивец на кого му се случува тоа.

Да ја живее песната.

Сашо Гигов Гиш.Пеач.Голем пеач“.

Проверете дали е во право. Бујрум епската блузерска интерпретација на Гиш.

Advertisements

Најпопуларно

To Top