Саша Барон Коен една година славните „ги влечеше за нос“ – сега тие снимки одат во јавност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саша Барон Коен на обожавателите им пружи увид во она што би можело да биде неговиот досега најамбициозен проект.

Актерот и комичар кој се прослави со ликови како Али Џи и Борат, во соработка со Showtime подготвува нова шоу серија, а судејќи според објавата на Твитер, шоуто под наслов „Who is America?“ во продукција е веќе една година.

„Замислете Саша Барон Коен тајно да снима една година…“, почнува најавата. Потоа се слуша гласот од Коен кој му се обраќа на американскиот потпретседател Дик Чејни прашувајќи го дали ќе му ја потпише справата за мачење која ја држи во раце.

Чејни е познат како поддржувач на техниките за мачење, а кога ја потпишувал справата, изгледа не знаел дека е во прашање новото шоу на Коен. Showtime ликот на Коен го опиша како „бесрамен и ладнокрвен“, а серијата како „можеби најопасното шоу во историјата на телевизијата“.

Промоцијата за шоуто започна на Денот на независноста на САД, со снимка на која се појавува и Доналд Трамп, кој претходно јавно го критикуваше.

Шоуто би требало да почне да се емитува подоцна овој месец.