Сари сигурен: Азар останува во Челзи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари е категоричен дека првата ѕвезда на тимот, Еден Азар сигурно останува на „Стенфорд Бриџ“ и оваа сезона.

Полсе завршувањето на Мундијалот, Азар силно беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но најверојатно Белгиецот ќе остане во Челзи.

„Овие десетина дена многу често разговарам со него. Азар никогаш не ми кажал дека сака да замине. Сигурен сум дека ќе биде со нас оваа сезона“, изјави Сари пред утрешниот меч со Арсенал.

„Унаи Емери е многу добар тренер и Арсенал сигурно ќе биде конкурентен оваа сезона. Имаат сили да се борат за Лигата на шампиони и нас не очекува еден тежок меч. Верувам во Мората, тој е неверојатен играч и потребен му е само еден гол за да добие самодоверба“, заклучи италијанскиот стратег.