Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович донел одлука да му врачи отказ на Маурицио Сари веднаш после финалето во Лига Европа.
Абрамович ќе му врачи отказ независно од исходот на финалето, а причина за тоа е лошиот однос кој Сари го има со фановите на Челзи, пренесува „Скај Спорт“.
Најголем фаворит за негов наследник е легендата на Челзи, Френк Лампард кој моментално е на кормилото на Дерби Каунти.
Во Челзи биле импресионирани како Лампад го водеше Дерби оваа сезона и стигна до финалниот плеј-оф за влез во Премиер лигата, па сметаат дека е вистинско време да му ја доверат клупата на „Стенфорд Бриџ“.
Се очекува Лампар да биде прифатен од сите во клубот, а најмногу од фановите, бидејќи е вистинска легенда која цели 13 години помина на „Стенфорд Бриџ“ и одигра 648 меча.