Сари на пат за Лондон – вака ќе изгледа неговиот Челзи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Наполи се блиску до договор за раскунување на договорот на тренерот Маурицио Сари.

Сари е прв избор за „сините“ и веќе имаат договор со италијанскиот тренер, кој пат е под договор со Наполи и има откупна клаузула од 8 милиони евра.

Двата клуба се на добар пат да се договорат, а Сари веќе ги прави плановите за следната сезона на „Стенфорд Бриџ“.

Наводно италијанскиот стратег веќе составил листа и првите две засилувања треба да пристигнат од Серија А, односно од Јувентус и Наполи.

Станува збор за дефанзивецот Даниеле Ругани и десниот бек на Наполи, Хисај. Покрај нив Сари го сака и Стефан Савиќ од Атлетико со што ќе ја комплетира одбраната.

Во нападот најверојатно ќе биде продаден Мората, а прва желба на Сари е Мауро Икарди од Интер за кого Челзи е спремен да ја плати клаузулата.

Доколку Куртоа го напушти Челзи ова лето, тогаш сините ќе мораат да купат и врвен голман, а се споменува Донарума како една од опциите.