Музика

Сара Мејс го изваде „Копито(то)“ од Принц

За сите кои со нетрпение го очекуваа новото видео на Сара Мејс сработено заедно со Александар Ристовски – Принц, „Копито(то)“ конечно пристигна во аудио и видео формат. Стилот во кој е сработен спотот за песната соодветствува на проектот на Принц “Femme Fatale“.

Спотот на „Копито“ беше снимен во Аква парк „Борис Трајковски“ во Скопје, а за неговите потреби се појавуваат околу 20 статисти.

Интерпретацијата на видеото и песната е на самиот гледач и слушач. Има многу простор за коментари, но таа е и поентата на самото издание на Сара и Принц.

Песната “Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.

Advertisements
To Top