Сантана: Каква Бијонсе, таа не е пејачка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 59-тото доделување на наградите Греми Бијонсе доби само две признанија – за најдобар спот и за најдобар современ албум.

Гремито за албум на годината пак отиде во рацете на Адел, која го шокираше светот со тоа што ја скрши добиената награда и порача дека смета оти ова признание го заслужила Бијонсе.

На многумина ваквиот потег им беше нејасен, а особено на музичарот Карлос Сантана, кој изјави дека смета оти Бијонсе воопшто не е пејачка.

„Мислам дека Адел освои награда затоа што знае да пее. Со почитување на нашата сестра Бијонсе, таа е многу убава за гледање, но тоа што го работи повеќе личи на манекенство, отколу на музика. Таа не е пејачка“, рече познатиот американски уметник со мексиканско потекло.

„Адел навистина знае да пее. Не и треба група играчи ни сценографија, може да стои сама и едноставно да пее. Тоа е причина зошто победи“, објасни Сантана.

Коментарот на Карлос Сантана предизвика бура реакции и негодување меѓу обожавателите на познатата американска пејачка, а набрзо по медиумските информации за неговиот „напад“ врз Бијонсе, тој се огласи на Фејбук.

„Мојата намера беше да и честитам на Адел на големиот успех на освојувањето на наградата Греми. Мојот коментар за Бијонсе е погрешно протолкуван. Таа ги заслужува сите пофалби и награди, јас ја почитувам како уметник и на неа и на нејзиното семејство им посакувам се најдобро“, напиша Сантана на својот Фејсбук профил.