Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Алексис Санчез би можел да биде една од најжешките трансфер стоии ова лето, бидејќи Чилеанецот најверојатно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната.
Во интервју за „Ел Графико“, Санчез истакна дека сака да остане во Лондон, но да игра за тим кој ќе освојува трофеи и ќе има победнички менталитет.
„Среќен сум во Лондон и се надевам дека ќе го завршам договорот. Сакам да останам во Лондон и да играм за тим кој освојува трофеи и кој има победнички менталитет. Имам 28 години и се уште имам за играње пред мене. Јас сум играч кој се грижа за себе и своето здравје и можам да играм уште многу години“, изјави Санчез.
Ваквата изјава на Чилеанецот ја разбранува јавноста на Острвот, бидејќи еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис е Челзи.
Некои медиуми тврдат дека Санчез со ваквата изјава индиректно признал дека сака да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ и да освојува трофеи со „сините“.