Санчез го запали Островот: Знам каде ќе играм, но не смеам да кажам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез конечно проговори за својата иднина и предизвика „земјотрес“ на Островот.

28-годишниот крилен напаѓач одби да го продолжи договорот со Арсенал кој истекува следното лето, па ова ова лето најверојатно ќе ја промени средината.

Додека Санчез е во Русија на Купот на конфедерации медиумите постојано го селат во бројни клубови, а тој самиот тврди дека веќе знае каде ќе игра следната сезона, но не смее да каже.

„Мојата иднина ќе биде позната после Купот. Јас веќе одлучив и знам каде ќе играм следната сезона, но не можам да откривам“, изјави Санчез.

Медиумите тврдат дека Чилеанецот веќе има договор со Манчестер Сити и повторно ќе соработува со Пеп Гвардиола.

Иако, Арсенал не сака да го продаде во конкурентски клуб во Премиер лигата ќе биде приморан, бидејќи ризикува следното лето да го загуби без обештетување.