Самсунг пред одбрана публика ги претстави новите флексибилни екрани


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Освен Galaxy s9 и Note 9, на пазарот се очекува уште еден смартфон, станува збор за Galaxy X.

Не е познато кога точно овој уред ќе се појави во продажните салони, но потврдено е дека навистина постои и беше претставен пред одбрана публика.

Анонимен извор за Korea Herald открива дека Самсунг развил 7,3 инчен дисплеј кој е флексибилен, како и тоа дека производството ќе започне оваа година. Самсунг откри и кога ќе се појави на пазарот, но тоа за јавноста се уште е тајност.

Овој уред најверојатно ќе биде понуден во две верзии, а едната би требало да започне со производство во ноември оваа година. На дуругата верзија се планираат некои напредни технологии, па започнувањето со нејзиното производство ќе се одложи за подоцна.

Флексибилниот екран би требало да биде завршен до март, а производството да започне во септември со што во ноември уредите ќе будат достапни за широката јавност.